Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин одлучен: Русија нема да се откаже од безбедносните гаранции доставени до САД и НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин, денес изјави дека поради зголемувањето на глобалните тензии, неопходно е да се направат дополнителни напори за да се обезбеди стратешка стабилност, пред се за Москва да добие сеопфатни безбедносни гаранции од САД и НАТО.

Ситуацијата во светот станува се потурбулентна и напната, поради што е неопходно да се вложат дополнителни напори за обезбедување стратешка стабилност и сузбивање на новите закани и предизвици, пред се, нашата земја да добие сеопфатни и правно обврзувачки безбедносни гаранции од Обединетите Нации, истакна Путин во пораката по повод Денот на дипломатијата што денес се одбележува во Русија.

Во пораката до вработените во Министерството за надворешни работи објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин изјави дека напорите за изградба на мултиполарен светски поредок се уште се актуелни.

Конзистентните и систематски напори за обезбедување на надмоќ на меѓународното право и клучната координативна улога на Обединетите нации прават фер и стабилен мултиполарен светски поредок да остане релевантен, изјави рускиот претседател.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!