Вие имате прво да ја знаете вистината

Таа важи за една од најубавите балкански пејачки, погледнете го дневното мени за исхрана на Јелена Розга: Има само 57 килограми!

Познатата балканска пејачка, Јелена Розга, која има само 57 килограми, вели дека поради проблеми со тироидната жлезда не може да се здебели ниту половина килограм! На пејачката во 2006 година и беше дијагностициран хипертироидизам, а пред четири години таа имаше проблеми и со тахикардијата.

Шармантната хрватка раскажува како живее со овие болести, поради кои со години ја има истата тежина и не може да ја промени.

Проблемите со тироидната жлезда не ми дозволуваат да се здебелам ни половина килограм, но има и одредена генетика и тоа што живеам покрај море. Тироидната жлезда понекогаш знае да ме „исмејува“, но генерално се чувствувам добро. Не се откажувам, само насмевка на лицето и позитивна енергија, вели пејачката и додава дека и се неколку пати и се слошило поради стрес.

Сега најважно е што помалку да се нервираме и поради срцето и поради тироидната жлезда. Во изминатите неколку години сите концерти ги пеев без проблем благодарение на терапијата и дисциплината која ја имав. Сè уште можам да пеам и танцувам со мојата публика речиси два часа.

Внимавам што јадам, иако сум голем гурман. Се трудам храната што ја јадам да биде лесна и здрава. Јадам неколку пати на ден, но во помали количини, бидејќи тоа му одговара на моето тело. Понекогаш си давам одмор и се опуштам. Сакам медитеранска храна, полесна исхрана, која содржи многу овошје, зеленчук и риба. Во зима обожавам да јадам печени костени, објаснува Розга.

Неодамна познатата пејачка го откри своето дневно мени, погледнете како се храни таа:

Појадок: Омлет со белки, маслинки и младо сирење;

Ручек: супа, месо и свежа салата;

Вечера: Риба и млад зеленчук;

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!