Вие имате прво да ја знаете вистината

Форбс: Ова е листа на најплатени забавувачи во светот

Иако годината штотуку започна, магазинот „Форбс“ објави листа наречена „Најплатените забавувачи во 2022 година“. На врвот на оваа листа се најде Питер Џексон, режисерот на Господарот на прстените.

Тој лани заработил 580 милиони долари. Се вели дека тој продаде дел од неговата компанија за визуелни ефекти Weta Digital во ноември минатата година.

Второто место му припадна на музичарот Брус Спрингстин, кој заработи 435 милиони долари. Тој ги продаде авторските права и правата за издавање на целата своја снимена музика и напишани текстови.

На трето место е музичарот Џеј Зи со заработка од 340 милиони долари, додека на четврто е Двејн Џонсон. Тој е еден од ретките актери кои се на оваа листа, а тоа се случи поради неговата заработка во филмовите „Jungle Cruise“ и „Red Notice“ и неговиот популарен бренд текила. Петтото место му припадна на раперот Канје Вест.

Во првите десет се и Дилан, Пол Сајмон, Мет Стоун и Треј Паркер, Тајлер Пери и Рајан Тедер. Меѓу 25-те забавувачи на листата е и актерката Рис Витерспун, која продаде дел од својата продукциска куќа Hello Sunshine на приватната инвестициска фирма Blackstone во август минатата година за 900 милиони долари.

Пејачката Тејлор Свифт се најде на дното на листата, на 25-то место со 52 милиони долари. Најголем дел од тие пари заработила со повторно снимање на албум што првпат го објавила пред 10 години.

1. Peter Jackson – 580 miliona dolara

2. Bruce Springsteen – 435 miliona dolara

3. Jay-Z – 340 miliona dolara

4. Dwayne ‘The Rock’ Johnson – 270 miliona dolara

5. Kanye West – 235 milijuna dolara

6. Trey Parker i Matt Stone – 210 miliona dolara

7. Paul Simon – 200 miliona dolara

8. Tyler Perry – 165 miliona dolara

9. Ryan Tedder – 160 miliona dolara

10. Bob Dylan – 130 miliona dolara

11. Red Hot Chili Peppers – 116 miliona dolara

12. Reese Witherspoon – 115 miliona dolara

13. Chuck Lorre – 100 milijona dolara

14. Sean ‘Diddy’ Combs – 90 miliona dolara

15. Dick Wolf – 86 miliona dolara

16. Howard Stern – 85 miliona dolara

17. Kevin Bright, Marta Kauffman, David Crane – 82 miliona dolara

18. Shonda Rhimes – 81 miliona dolara

19. Neil Young – 80 miliona dolara

20. Greg Berlanti – 75 miliona dolara

21. Lindsey Buckingham – 73 miliona dolara

22. Motley Crue – 72 miliona dolara

23. Beach Boys – 64 miliona dolara

24. Blake Shelton – 55 miliona dolara

25. Taylor Swift – 52 miliona dolara

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!