Вие имате прво да ја знаете вистината

Шеријатската полиција со булдожер уништи четири милиони шишиња пиво

Верската полиција во Нигерија уништи речиси четири милиони шишиња пиво во борбата против консумирањето алкохол.

Булдожери ги прегазиле шишињата кои биле фрлени на земја и ги искршиле во северниот град Кан, пренесува Би-Би-Си.

Градот Кано со претежно муслиманско население се наоѓа во истоимената северна нигериска држава, еден од оние што го забрануваат алкохолот според шеријатскиот закон.

Пивото е запленето од камиони кои дошле од христијанскиот јужен дел на земјата, изјавија официјални лица за АФП.

Шеријатската полиција, позната како Хисбах, често уништува запленети алкохолни пијалоци и дрога, но денешната акција беше една од најголемите досега, како дел од засилената борба против алкохолот.

Официјалните лица рекоа дека заплениле повеќе од 3.873.136 шишиња пиво и други видови алкохолни пијалоци, а откако над нив поминал булдожер, тие ги фрлиле остатоците во огнот, дозволувајќи им на пламените јазици да горат цела ноќ, велат локалните жители кои ја следеле акцијата.

– Кано е шеријатска држава и забрането е продажба, консумирање и поседување на алкохолни пијалоци – изјави шефот на верската полиција при уништувањето на пијалоци.

Алкохолот е забранет во Кано од 2001 година, и тоа е една од десетината северни нигериски држави, главно муслимански, кои повторно воспоставија строга верзија на шеријатскиот закон откако земјата се врати во цивилна управа пред повеќе од две децении.

Забраната за алкохол неодамна беше извор на тензии во главниот град Кану.

Во декември, млади луѓе во еден од христијанските делови на Кану се судрија со верската полиција, која изврши рација во кафулињата во областа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!