Вие имате прво да ја знаете вистината

Џенифер Анистон утре полни 53. години, но погледнете како изгледа нејзиното завидно тело за време на нејзините работни обврски на Хаваите (фото)

Џенифер Анистон моментално познато е дека се наоѓа на Хаваите, каде што го снима продолжението на хит филмот „Murder Mystery“. Но убавата холивудска глумица слободното време го користи за уживање на сонцето, па папарацо репортерите од светските медиуми успеале да ја „уловат“ додека таа се шетала во бикини на балконот од хотелот во кој престојувала.

Во виолетови бикини и црвена танга актерката привлече многу внимание, а многу обожаватели ја пофалија нејзината завидна фигура и покрај годините што ги има.

Актерката која утре го слави својот 53 роденден, претходно откри дека нејзината витка линија се должи на придржувањето до строг план за редовно вежбање.

Исто така неодамна таа изјавила дека има голема самоконтрола кога е во прашање нездравата храна и дека јаде што е можно повеќе органско овошје и зеленчук, а ги избегнува брзите храни како бургери, пици и слично.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!