Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден заплени 7 милијарди долари депонирани од Авганистан во САД: Половина ќе се за семејствата на загинатите од 11 септември

Американскиот претседател Џо Бајден денес потпиша извршна наредба за запленување на имотот на авганистанската централна банка во износ од 7 милијарди долари, депонирани во Соединетите држави и планира да резервира половина од таа сума за семејствата на жртвите на 11 септември, соопшти Белата куќа.

Американскиот претседател користи „вонредни економски овластувања“ според законот од 1977 година со кој може да се префрлат средства од блокирана сметка на Федералните резерви во Њујорк, која е јавна институција.

Средствата на централната банка обично ја сочинуваат финансиски инструменти, девизи или злато.

Според идејата на Бајден, другата половина би била наменета за хуманитарна помош за Авганистан, но таа треба да се исплати на начин да не падне во рацете на талибанците, објаснуваат од Белата куќа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!