Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден нареди испраќање дополнителни 3.000 војници во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден нареди испраќање на уште 3.000 војници во Полска поради страв од можна руска агресија врз Украина, изјави доцна вечерва висок американски функционер, јавува Anadolu Agency (AA).

„По наредба на претседателот, секретарот Остин денеска нареди преостанатите 3.000 војници од борбениот тим на 82-та воздушно-десантна пешадиска бригада со седиште во Форт Брег, Северна Каролина, да бидат испратени во Полска“, рече претставникот.

Војниците ќе го напуштат Форт Браг во следните неколку дена и се очекува да пристигнат во Полска на почетокот на следната недела.

Во Полска ќе им се придружат 1.700 војници испратени таму од американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на 2 февруари.

Се додава дека вкупно 5.000 дополнителни војници сочинуваат многу мобилна и флексибилна сила, способна за повеќе мисии.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека Русија може да ја нападне Украина во секое време и дека инвазијата може да започне со воздушно бомбардирање и ракетни напади, а потоа и копнена инвазија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!