Вие имате прво да ја знаете вистината

Бразил: Осум лица загинаа во полициска акција во Рио де Жанеиро

Во операција на припадници на бразилските безбедносни сили извршена во фавела во Рио де Жанеиро загинаа осум лица, јавува Анадолија.

Локалните медиуми Г1 објавија дека акцијата била изведена во фавелата на Вила Крузеиро, а во акцијата на приведување на неколку членови на бандата дошло до конфликт во кој загинале осум лица, а еден бил фатен.

Поради акцијата започната во претпладневните часови, како мерка на претпазливост не беше организирана настава во 17 училишта во околината, а откажани се и некои активности на отворено.

Некои локални жители изразија загриженост за безбедноста на социјалните мрежи, наведувајќи дека „не може да се излезе од куќата поради дождот од куршуми“. Во акцијата е запленето поголемо количество оружје, рачни бомби и наркотици.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!