Вие имате прво да ја знаете вистината

Бремената Ријана доминира во предизвикувачкиот стајлинг: Облече прекрасна бунда а нејзиниот стомак е целосно откриен!

Планетарната ѕвезда Ријана почна почесто да се појавува во јавноста, откако откри дека чека бебе со Асап Роки.

Имено, пејачката беше фотографирана вчера во вечерните часови на улиците на Лос Анџелес, а нејзиниот стајлинг изненади многумина.

Ријана избрала многу предизвикувачки стајлинг за вечера во луксузен ресторан.

Таа се појави во долга бунда “исечена” од повеќе видови крзно, имаше предимензионирани фармерки, додека под крзното носеше проѕирна блуза која целосно го открива нејзиниот труднички стомак, како и деколтето.

Бремената жена очигледно сака на сите да им покаже колку ужива во блажената состојба, а фотографиите предизвикаа спротивставени коментари.

Додека многу обожаватели беа воодушевени од смелата комбинација, некои сметаа дека е „одвратна“ глетка целосно да и се разоткриени стомакот и градите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!