Вие имате прво да ја знаете вистината

Бундестагот во Германија во недела избриа претседател, помеѓу делегатите и Ангела Меркел! Дали актуелниот претседател Штајнмаер ќе добие втор мандат ?

Во Германија во недела ќе се одржат индиректни избори на кои Сојузниот конгрес (Bundesversammlung) ќе избира претседател на земјата за следните пет години, а фаворит за оваа функција е актуелниот претседател на државата Франк Валтер Штајнмаер.

Канцеларијата на претседателот на Германија е репрезентативна и церемонијална, а ја избираат членовите на Сојузниот парламент (Бундестагот) и делегатите назначени од собранијата на покраините. За разлика од претходните претседателски избори одржани во салата на Бундестагот, овие избори поради епидемиолошки мерки за заштита од вирусот Ковид-19 ќе се одржат во осумкатницата Пол-Лобе-Хаус сместена веднаш до германскиот парламент.

Во првите два круга на гласање потребно е двотретинско мнозинство, а во третиот победува кандидатот со најмногу гласови.

Така, од вкупно пет кандидати право на глас ќе имаат вкупно 1.472 делегати, а фаворит е актуелниот претседател Штајнмаер, кој ја има поддршката од најсилните политички партии во Бундестагот.

Штајнмаер е претседател на Германија од 2017 година, кога го замени Јоаким Гаук. Искусниот германски адвокат и политичар Штајнмаер е роден во 1956 година во Дермолд. Тој во кариерата беше на значајни функции во владите на Социјалдемократската партија, вклучително и министер за надворешни работи. На јавноста и е познат и по тоа што во 2010 година ѝ подари бубрег на сопругата, додека работеше како судија.

Меѓу делегатите кои в недела ќе го изберат германскиот претседател има и голем број познати личности кои делегирале покраински собранија.

Меѓу нив се поранешната канцеларка Ангела Меркел, основачот на BioNTech, Озлем Туречи, нобеловецот Бенџамин Лист, астронаутот Александар Герст, германскиот фудбалски тренер Ханси Флик, тренерот на Фрајбург Кристијан Штрајх, фудбалерот на Баерн Минхен Леон Горецка, пијанистот Игор Левит и поранешниот министер за внатрешни работи Хорст Сехофер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!