Вие имате прво да ја знаете вистината

Вистински хаос на улиците во Нов Зеланд, градот блокиран: Уапсени повеќе од 20 лица кој протестираат против задолжителната вакцинација!

Полицијата во Нов Зеланд уапси околу 20 лица за време на третиот ден од протестите против донесената одлука за задолжителна вакцинација.

Демонстрантите од Нов Зеланд против вакцинацијата се расфрлани на повеќе места пред зградата на парламентот на третиот ден од протестот.

Како што е наведено, полицијата ангажирала околу 100 дополнителни полицајци од целата земја во обид да ги отстрани демонстрантите од пред зградата на парламентот, каде што поставија шатори и паркираа автомобили, блокирајќи го сообраќајот во овој град и предизвикувајќи вистински хаос.

Инспирирани од големите протести против задолжителната вакцинација во Канада, демонстрантите од Нов Зеланд го присвоија слоганот „Конвој на слободата“ и ги блокираа улиците во главниот град.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!