Вие имате прво да ја знаете вистината

Во интервенции на израелските сили повредени се 80 Палестинци

Најмалку 80 Палестинци беа повредени денес кога израелските сили испукаа гумени куршуми и солзавец за да ги растераат собирите во неколку области на окупираниот Западен Брег, јави Анадолија.

Палестинската Црвена полумесечина и теренските активисти рекоа дека медицинските тимови им пружиле медицинска помош на 80 Палестинци на протестите одржани во градовите Наблус и Калкилија на Западниот брег. Ахмед Џибрил, претставник на палестинската Црвена полумесечина, рече дека болничарите интервенирале кај 24 Палестинци во населбата Беита во Наблус. Меѓу повредените има пет новинари.

„На терен им е укажана помош на четворица новинари, а еден новинар е пренесен на лекување во клиниката Беита“, рече тој.

Во Беита беше нападнат и тим од Анадолија составен од Енес Канли и Исам Римави.

Џибрил додаде дека во населбата Беит Дајан во Наблус, медицинскиот персонал згрижил 45 повредени. Осум лица се повредени од гумени куршуми, меѓу кои двајца болничари и еден новинар, додека на 37 лица им била укажана помош од вдишување солзавец, а меѓу нив има и двајца новинари.

Активистот на Фатах, Мурад Штеиви, рече дека 11 Палестинци биле ранети со гумени куршуми во Кафра Кадум, источно од Калкилија.

Палестинците одржуваат неделни демонстрации против илегалните израелски населби во различни делови на Западниот Брег, особено во селата Беита, Беит Дајан и Кафр Кадум. Израелските и палестинските проценки покажуваат дека околу 650.000 имигранти живеат во 164 населби и 116 испостави на Западниот Брег, вклучувајќи го и Ал-Кудс (Ерусалим).

Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираните територии се сметаат за нелегални.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!