Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Италија од денес граѓаните ќе можат да дишат слободно! Владата усвои нови анти-ковид мерки кои налагаат дека маските повеќе не се задолжителни на отворено

Од денес во Италија ќе може послободно да се дише, бидејќи Владата одлучи во текот на неделата да го укине задолжителното носење заштитни маски на отворено, воведени за заштита од вирусот Ковид-19.

Според новото правило, луѓето надвор ќе мора да ги покриваат носот и устата само кога ќе се најдат во голема гужва или на некој масовен собир. Претходно правилото за задолжително носење на маска се применуваше и на отворено и на затворено, без разлика на состојбата со вирусот на терен. Маските се уште остануваат задолжителни во затворени простории и во јавниот превоз.

Од денес ќе се отворат и италијанските диско-клубови, а за влез потребен е сертификат со кој докажувате дека сте вакцинирани против вирусот. Минатата година поради пандемијата долго време беа затворени диско-клубовите, а во меѓувреме можеа да се отворат одреден период но со ограничен број на гости.

На туристите кои пристигнуваат во Италија од земјите на ЕУ им треба негативен тест за вирусот Ковид-19, сертификат за вакцинација или доказ дека сте го прележале вирусот Ковид-19 за да влезат во земјата, а сертификат е потребен и во многу туристички дестинации како што се музеи, ресторани и јавен превоз.

Во Италија, земја со околу 60 милиони жители, на сила е вонредната состојба која истекува на 31 март. Засега не се знае што ќе прави Владата на оваа држава по истекувањето на одлуката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!