Вие имате прво да ја знаете вистината

Доналд Трамп официјалните службени документи ги фрлал во WC школката !? Поранешниот претседател на САД децидно го дематираше ова: Тоа е невидена лага и измислица!

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, децидно ги демантираше последните информации дека фрлил официјални документи во тоалетната школка во Белата куќа.

Оваа е информација претставена во новата книга на новинарката на Њујорк Тајмс, Меги Хаберман, дописник од Белата куќа. Таа тврди дека еден од тоалетите во Белата куќа често бил затнат со парчиња хартија, поради што персоналот во претседателската куќа смета дека Трамп често кинал документи и ги фрлил во тоалетот. Детали од книгата на новинарката Хаберман прв ги објави порталот Аксиос.

Трамп излезе со соопштение и одлучно ги отфрли ваквите наводи, велејќи дека тоа е измислена приказна на новинар гладен за публицитет. 

Категорично неточна и измислена приказна на новинар кој сака да привлече публицитет за книга чија содржина е главно измислена, изјави Трамп.

Но, порталот Политико потсетува дека поранешниот претседател и претходно покажувал непочитување кон чувањето на службените документи. Така, во 2018 година, тој портал известуваше за неговата навика да кине и фрла службени белешки и хартии кога повеќе не му требаат.

Деновиве, ракувањето со официјални документи од страна на Трамп стана фокус на интересот на Националниот архив на САД. Трамп неодамна врати 15 кутии со официјални досиеја кои, според законот, припаѓаат на Националниот архив, а кои ги однел со себе во имотот Мар-а-Лаго на Флорида, каде што живее денес, откако ја напуштил Белата куќа.

Во средата Вашингтон пост објави дека Националниот архив побарал од Министерството за правда да ги истражи постапките на Трамп според претседателските документи, изразувајќи сомнеж дека тој можеби ги прекршил законите поврзани со третманот на официјалните документи.

Во соопштението, Трамп го негираше извештајот за одземање на документи, наведувајќи дека федералната агенција отворено и доброволно се согласила за транспорт на кутии со писма, белешки, весници, списанија и разни написи.

Документите се доставени на пријателска основа, без никакви проблеми, што е различно од измислиците што ги објавуваат лажните медиуми. Всушност, сè беше рутинско, нагласи Трамп и додаде: Всушност, тоа беше рутинска процедура.

Трамп смета и дека има право на тие документи. 

Всушност, не бев должен да го доставам овој материјал врз основа на неколку законски пресуди донесени во изминатите години, посочи тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!