Вие имате прво да ја знаете вистината

Еве како се распоредени војниците на НАТО во Источна Европа

Значењето на армиите на НАТО и САД во Источна Европа расте со оглед на зголемената закана од руска инвазија на Украина. Руската армија од почетокот на оваа година сè повеќе ги позиционира своите војници долж украинската граница, а еве како се распоредени западните сили.

НАТО има четири мултинационални борбени групи во Естонија, Латвија, Литванија и Полска, составени од војници од неколку земји-членки. Овие батаљони, на ротирачка основа, ги предводат Велика Британија, Канада, Германија и САД.

Алијансата минатиот месец соопшти дека сите четири групи се подготвени за борба, а шефот на НАТО Јенс Столтенберг рече дека се подготвени да го зголемат своето присуство со испраќање дополнителни сили во источниот регион.

САД имаат бази во Литванија и Романија, како и во Полска. Претседателот Џо Бајден минатата недела го одобри распоредувањето на дополнителни 3.000 американски војници во Полска, Германија и Романија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!