Вие имате прво да ја знаете вистината

Захарова: Русија не може да го прифати одговорот на ЕУ и НАТО

Русија не може да го прифати заедничкиот одговор на Европската унија и НАТО на писмото на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за принципот на неделивост на безбедноста, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Не можеме да го прифатиме овој колективен одговор, кој повеќе личи на преземање на „споделена одговорност“. Очекуваме детален одговор на прашањето од секоја страна. Избегнувањето на прашањето значи дека Западот не сака да ги признае обврските што ги презеде во рамките на односите ОБСЕ и Русија-НАТО и се обидува да ја обезбеди сопствената безбедност на наша сметка – рече Захарова.

Захарова смета дека конфликтот околу Украина се користи како изговор за зајакнување на военото присуство на НАТО во близина на руските граници. Таа додаде дека Русија силно ја отфрла доминацијата на НАТО и ЕУ во обезбедувањето безбедност во целиот евроатлантски регион, пренесува ТАСС.

– НАТО и ЕУ инсистираат на нивната доминантна улога во обезбедувањето безбедност во евроатлантскиот регион. Ваквиот пристап за нас е категорично неприфатлив – рече Захарова.

Захарова оцени дека не се значајни одговорите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и шефот на европската дипломатија, Џозеф Борел, на пораките на Лавров за неделивоста на безбедноста.

– Наместо тоа, беше предложено да започнеме дијалог за зајакнување на безбедноста – рече Захарова.

Захарова ја отфрли новата рунда преговори за неделивоста на европската безбедност како апсолутно неприфатлива и вети дека Москва ќе бара постојните договори да бидат целосно имплементирани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!