Вие имате прво да ја знаете вистината

Мишел Обама сподели со својте следбеници кој ден од својот живот никогаш нема да го заборави: Беше многу ладно, беше еден од деновите кога треба двапати да размислете дали да излезете доколку немате потреба! (фото)

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, сопругата на 44-от американски претседател Барак Обама, често преку социјалните мрежи споделува детали од својот професионален и приватен живот со своите следбеници, а овој пат сподели прекрасен спомен кој како што вели никогаш нема да го заборави.

Никогаш нема да го заборавам денот кога Барак ја објави својата кандидатура за претседател во Спрингфилд. На 10 февруари 2007 година, тој ден беше многу студено. Тоа беше ден кога требаше двапати да размислите дали ќе излезете од дома доколку не морате. Се сеќавам дека бев зад сцената со девојките. Саша се мачеше околу нејзината розова капа, а јас се прашував дали на Малија и е доволно топло со нејзиниот шал. Никој од нас навистина не можеше да сфати што навистина се случуваше, како сите ние да тргнуваме на патување што ќе го катапултира нашето семејство на националната сцена, ја започна Мишел својата објава и ја продолжи својата приказна со трогателен дух.

Кога излеговме надвор и го кренав погледот, забележав дека на небото нема облаци. Но, кога погледнав во толпата, имаше многу луѓе. Овие луѓе дојдоа од цела држава. Некои од нив беа локални жители, некои се возеа со автомобили за да дојдат, други во автобус и така се собраа. Тие беа луѓе од сите облици и големини, со различно потекло и идентитет. Странците кои станаа пријатели додека чекаа на студот, сите врзани со нивната верба во нас, во ветувањето на мојот сопруг и визијата што тој ја сподели за нашата земја, истакна таа и додаде:

Се сеќавате ли на тој ден, дали на некој начин и вие бевте вклучени во кампањата ? Би сакала да ја слушнам твојата приказна за тој период.

Мишел со својата објава ги воодушеви граѓаните ширум Америка и доби многу позитивни коментари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!