Вие имате прво да ја знаете вистината

Мурињо ги загуби нервите, ваков досега го немате видено: Играте како усрани уште од првата минута, вие сте за во Серија Ц!

Доколку нешто може да се каже со сигурност тоа е фактот што на фудбалерите на Рома оваа сезона не им оди така како што имаат замислено. Домашното реми против тимот на Џенова во рамките на италјанското фудбалско натпреварување, Серија А, ги остави на седмата позиција, со ист број на бодови како и градскиот ривал Лацио. Рома исто така беше елиминирана од Интер во четвртфиналето на Купот на Италија. 

Жозе Мурињо повторно се врати на Сан Сиро каде пред повеќе од една деценија го предводеше Интер до тројната круна која црно-сините ја постигнаа пред 12 години. По натпреварот тој не беше многу расположен, бидејќи неговите избраници не можеа да го најдат патот до мрежата.

Италијански весник „Corriere dello Sport“ откри што се случило на Сан Сиро по натпреварот во соблекувалната на Рома. Мурињо бил во невидено светло за него до сега, наводно играчите го немале видено никогаш по бесен и луд.

Сакам да знам зошто кога играте со Интер или некој голем клуб, изгледате како усрани уште од првата минута! Зошто? Така беше и против Милан! Се заебавте во првите 10 минути. Сите вие, никој не е исклучен од ова. Во последните две години се покажавте како мал тим против големите клубови. Ако сме мали, судиите ќе не сметаат за мали. Интер е одличен тим, играа добро против нас, а вие наместо да бидете мотивирани и желни за игра, вие изгледате посрано! Немате муда! Одите играјте во Серија Ц ако сакате да играте без притисок, како што пренесува италјанскиот весник вака изгледало во сооблекувалната на Рома, вриеше од бес Мурињо.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!