Вие имате прво да ја знаете вистината

Наташа Беквалац откри кој познат фудбалер може да го освои нејзиното „ледено“ срце!

Новата љубов на познатата балканска пејачка Наташа Беквалац е една од најинтригантните теми во балканските медиуми, токму поради тоа што Наташа зад себе има три брака кои завршија неславно. 

Како што сега вели, таа уште не ја изгубила вербата во љубовта, а симпатиите и ги украл млад и многу богат спортист. Неодамна таа беше запрашана дали има надеж таа повторно да се заљуби, на што таа одговори:

Боже, претпоставувам дека има надеж, не знам. Животот секогаш ги пишува најдобрите романси, а јас бескрајно верувам во тоа.

А потоа следеше изненадување, новата љубов на Наташа Беквалац само што не е тропнала на врата, но таа е позната како пејачка на „скандалите“! Таа откри дека има симпатии во светот на спортот, поточно за шпанскиот фудбалер Франческо Фабрегас Солер, кој освен што е репрезентативец на Шпанија, настапува и за фудбалскиот тим на Монако.

Згоден, млад и перспективен, фудбалерот и ги украде симпатиите на Наташа Беквалац, а судејќи по овој избор, јасно е каков човек треба да биде тој што по долго време ќе го натера срцето на новосадската барбика да танцува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!