Вие имате прво да ја знаете вистината

Најголемиот и најактивниот вулкан во Европа повторно еруптираше!

Вулканот Етна, на италијанскиот остров Сицилија, минатиот ден повторно еруптираше, за прв пат во 2022 година, објави Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).

Ерупцијата се случила во областа на југоисточниот кратер, предизвикувајќи лесен дожд од пепел. ИНГВ соопшти дека вулканот повторно се активирал синоќа, исфрлајќи нов бран пепел и чад и го достигнал врвот на ерупцијата.

Во петокот наутро, вулканските потреси се искачија на просечните вредности, а протокот на лава е сè уште активен, објави ИНГВ.

Етна е најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции често се придружени со големи текови на лава, но ретко претставуваат опасност за населените области.

Вулканот Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупции, кој датира повеќе од 2.000 години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!