Вие имате прво да ја знаете вистината

На денешен ден пред десет години светот се прости од Витни Хјустон. Нејзиниот живот беше обележан со трагедија, солзи и зависност!

На денешен ден, 11 февруари, пред точно десет години почина Витни Хјустон. Нејзиното име беше проследено со епитети како гласот на генерацијата, мегаѕвезда и икона на поп музиката.

На денешен ден пред една деценија таа беше пронајдена мртва во нејзината хотелска соба, во када, непосредно пред доделувањето на Греми наградите во 2012 година. Таа зад себе остави богат музички опус и познати хитови кои се уште се вртат на радио станиците ширум светот.

Според податоците од Гинисовата книга на рекорди, Хјустон била женски изведувач со најмногу освоени награди. Пејачката беше и еден од најпродаваните пејачи во нејзиното време, продавајќи над 200 милиони албуми и синглови ширум светот.

Витни Хјустон и Боби Браун

Пејачката почина на само 48 години пореди предозирање со кокаин. Обдукцијата покажала застрашувачка здравствена состојба на пејачката во моментот на нејзината смрт.

Хјустон имаше проблеми со срцето, проширени артерии и отстапување на септумот од ефектите од употребата на премногу кокаин. Во нејзиното тело биле пронајдени дури девет различни лекови, а на внатрешниот лев лакт биле пронајдени траги од игла и лузни на градите предизвикани од импланти.

Витни имаше имиџ на „добра девојка“ се додека не се омажи за Боби Браун во 1992 година. После тоа, нејзиното однесување драстично се променува. Таа почна да доцни на интервјуа, снимањата на спотови, наеднаш откажуваше концерти и гостувања во емисии.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!