Вие имате прво да ја знаете вистината

Ник Кирјос откри што му рекол Новак Ѓоковиќ додека бил во затвор!

Австралиските власти не му дозволија на Новак Ѓоковиќ да го одбрани трофејот во Мелбурн, а прв во негова одбрана застана Ник Кирјос.

Иако со години војуваат, Ник Кијрос веднаш го осуди однесувањето на неговите сонародници кон првиот тенисер во светот.

За разлика од некои други играчи, тој е еден од ретките кои од почеток го бранат Србинот и не застануваат. Ник пред неколку дена откри дека разговарал со светскиот тенисер број еден.

-Разговарав со Новак, тој ме контактираше кога почнав да го бранам. Во тие моменти само бараше повеќе разбирање – изјави Кирјос додека гостуваше во една радио емисија во татковината.

Ник Кирјос

Ник вели дека Новак знаел што го чека , но првиот тенисер во светот не се откажал. Докажа дека не прекршил никакви правила, иако имал и медицинско ослободување од Австралија, но на крајот министерот за имиграција Алекс Хок го избркал, бидејќи мислел дека тоа е опасност по здравјето на Австралијците.

Неверојатно е вака да се однесуваат кон човек кој освоил 20 грен-слем титули. Тој многу ни помагаше на нас Австралијците кога имавме проблеми со пожарите. Кога ни требаше помош, тој беше таму. Сега го третираат како никогаш да не направил ништо и како да е негативец, а всушност не е – изјави Кирјос.

Новак моментално е во Србија, одмара со семејството , а првиот турнир годинава ќе го игра во Дубаи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!