Вие имате прво да ја знаете вистината

Судот одлучува за судбината на младата руска сензација која го восхити светот, легендата е јасна: “Ова е срамота, моето срце бескрајно плаче”

Судбината на Камила Валиева (15) за понатамошното натпреварување на Зимските олимписки игри во Пекинг сега е во рацете на Судот за спортска арбитража.

Одлуката ќе биде донесена по сослушувањето по забрзана постапка, објави АП.

И Меѓународната агенција за тестирање потврди дека е во тек жалба пред Судот за спортска арбитража. Руската антидопинг агенција ја укина привремената суспензија на Валиева на 9 февруари, откако еден ден претходно акредитираната лабораторија на Светската антидопинг агенција во Стокхолм го потврди негативниот наод.

Тоа се случи истиот ден кога според планот и програмата требаше да се одржи церемонијата на доделување медали, која поради овој случај беше прекината до понатамошно известување, т.е. додека не се реши „правниот проблем“, пренесува InsadeTheGames.

Да потсетиме, пред Зимските олимписки игри во Пекинг, Валиева наводно била позитивна на тестот кој покажал дека користела забранет лек за срцето .

Примерокот наводно бил добиен пред 15-годишната девојка да го освои златото на Европското првенство во Талин во јануари.

Таа го освои златото во екипна конкуренција на Игрите во Пекинг, а стана првата лизгачка во историјата што направила целосен четирискок на Зимските олимписки игри.

Портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Марк Адамс во средата изјави дека церемонијата за доделување медали во уметничко лизгање е одложена поради „правни консултации“ со управното тело на тој спорт.

Валиева е голем фаворит и на натпераврувањето во поединечна конкуренција, која треба да се оддржи од 15 до 17 февруари.

Ќе ја гледаме ли 15-годишната руска сензација Камила Валиева во поединечниот дел од натпреварувањето во уметничко лизгање и дали Русија ќе го задржи екипното злато за кое прекрасната талентирана тинејџерка даде значаен придонес? Одлуката за тоа е на Судот за спортска арбитража (CAS), кој ќе треба да се изјасни во итна постапка бидејќи на 15 февруари започнува поединечното натпреварување на клизачките на мраз на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Тоа за што само се шпекулираше последниве денови, од моментот кога беше одложена церемонијата на доделување на медалите во екипната конкуренција, конечно доби потврда во петокот. Меѓународната агенција за тестирање (ИТА) објави дека Валиева паднала на допинг тест на 25 декември, за време на руското првенство во Санкт Петербург. Таа беше позитивна на триметазидин, лек кој се користи за ангина пекторис или за ублажување на болки во градите, но бидејќи ја зголемува издржливоста и го подобрува протокот на крв, од 2015 година е на листата на забранети лекови на Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Бидејќи веќе не е спорно дека Валиева паднала на допинг тестот, приказната би требало да биде едноставна, но не е. Имено, лабораторијата на ВАДА во Стокхолм го потврди наодот дури на 8 февруари, ден откако Русија го освои екипното злато, но пред да се одржи церемонијата на доделување на медалите. Така, Валиева беше автоматски суспендирана, но само еден ден подоцна Дисциплинската комисија на Руската антидопинг агенција (РУСАДА) и ја укина суспензијата, што би значело дека може да почне да се бори за злато во индивидуална програма. Но, Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Меѓународната федерација за лизгање (МСУ) и споменатата Меѓународна агенција за тестирање (ИТА) веднаш поднесоа жалба до CAS, која сега треба да донесе итна одлука.

„Во согласност со руските анти-допинг правила и Светскиот анти-допинг кодекс, спортистката побара забрзано сослушување пред RUSADA во врска со привремената суспензија што и беше доделена. Сослушувањата беа одржани на 9 февруари 2022 година. По сослушувањето, Дисциплинската управа на RUSADA и ја укина привремената суспензија , а одлуката стапува веднаш на сила. Спортистката во моментов има право да тренира и да учествува на натпревари без ограничувања, додека Судот за спортска арбитража не одлучи поинаку во врска со нејзиниот статус на Олимписките игри“, се вели во соопштението на Рускиот олимписки комитет (РОК).

Интересно е што Валиева е „заштитена личност“ според правилата на ВАДА, што значи дека нејзиното име не смее да се објавува бидејќи е помлада од 16 години. Но, во ИТА тврдат дека издала соопштение поради „потребата од официјални информации поради зголемениот јавен интерес“.

Валиева требаше да биде една од главните приказни на Игрите во Пекинг поради нејзината возраст и талентот што не се гледа често. Таа во екипна конкуренција двапати изведе четирискок, што никој досега не го направил успешно на Олимпијадата. Таа непосредно пред Пекинг го освои златото на ЕП во Талин, соборувајќи го светскиот рекорд со резултат 90,45 во кратката програма. Таа е светски рекордер и во слободна програма (185,29) и во вкупна (272,71), па не чуди што во Пекинг дојде како прв фаворит за победа.

Легендарната Германка Катарина Вит, олимписка победничка од Сараево и Калгари, исто така ја поддржа Валиева на Инстаграм.

Ова е срамота, а на одговорните треба да им се забрани засекогаш да работат спортот! Тоа што тие свесно и го направивја, ако е вистина, тоа е нечовечко и го тера моето спортско срце бескрајно да плаче. И се восхитувам на Камила како блескава ѕвезда која влета во орбитата на меѓународниот свет на лизгање и сè уште навистина сакам таа да остане таму, напиша Вит.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!