Вие имате прво да ја знаете вистината

Погледнете кои фактори влијаат на појавата на мигрена и работи кои треба да ги избегнувате за да ја ублажите главоболката

Мигрената е здравствен проблем кој се уште не е доволно добро истражен. Од таа причина, научниците сè уште не успеале да разберат што точно влијае на овие големи главоболки. Сепак, досегашните истражувања покажаа дека некои фактори влијаат на појавата на мигрена.

Стрес – Драматичното зголемување на физичкиот или менталниот стрес може да предизвика главоболки. Данските научници открија дека повеќето луѓе кои страдаат од мигрена велат дека нападите на главоболка се случуваат за време на стресен период.

Глад или дехидрација – Луѓето кои страдаат од мигрена често избегнуваат оброци. А токму внесот на мала количина на храна е поттик за мигрена. Истото важи и за внесување на мала количина на вода.

Храна – Одредена храна може да предизвика главоболка. Всушност, истражувањата покажаа дека храната е одговорна за мигрена кај дури 60 отсто од луѓето.

Некои од намирниците кои треба да ги избегнувате се алкохолот, чоколадото и кофеинот, велат експертите.

Прекумерно користење на лекови – Одредени лекови, како што се аналгетиците, може да предизвикаат главоболка

Мириси – Некои луѓе добиваат мигрена поради силни или необични мириси, а најчесто тоа се парфеми. Исто така, луѓето кои страдаат од мигрена не се толерантни на мириси за време на епизодите на главоболка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!