Вие имате прво да ја знаете вистината

Пукање во Феникс, ранети пет полицајци

Петмина полицајци се повредени денеска во Феникс кога реагирале на дојавата за пукање во куќа, соопшти полицијата.

Тие биле застрелани додека се обидувале да заштитат едно бебе, пренесува АП.

Бебето не е повредено, изјави портпаролот на полицијата.

Осомничениот во еден момент се заклучил во куќата, а подоцна бил пронајден мртов во неа, соопшти полицијата, без да прецизира како бил убиен.

Во престрелката една жена е тешко повредена.

Според шефот на полицијата Џери Вилијамс, бебето кое било во куќата во еден момент било ставено во торба, која била изнесена надвор.

Четворица од петте повредени полицајци се опоравуваат од раните, додека петтиот полицаец е тешко повреден, „но е на пат да закрепне“, додаде Вилијамс.

Вилијамс рече дека шрапнели погодиле уште тројца полицајци.

На едно видео се гледа како маж ја напушта куќата со нешто што личи на торба, кое го спуштил пред влезната врата, а потоа ги кренал рацете во знак на предавање додека се оддалечувал од куќата. На снимката потоа се гледа пукотница додека полицајците се приближуваат до вратата, а потоа се гледа дека тие побегнале.

Полицијата соопшти дека се обидува да ги утврди околностите кои довеле до инцидентот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!