Вие имате прво да ја знаете вистината

Разговори помеѓу Бајден и Урсула фон де Лајен: Темата беа „масивни санкции“ против Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку видеоконференциска врска разговараше со претседателот на САД, Џозеф Бајден.

Тема на разговор беше кризата предизвикана од „агресивното однесување на Русија кон Украина“ и напорите да се обезбеди „обединет и ефикасен“ американско-европски одговор, соопшти вечерва Европската комисија.

Комисијата наведува дека Урсула фон дер Лајен и Бајден го поддржале дипломатскиот пристап на Русија со цел „да ја убедат да ја деескалира кризата и да го избере патот на дијалогот“.

„Лидерите разговараа за соработката во финализирањето на масовните санкции против Русија. Претседателката фон дер Лајен наведе секторски и индивидуални санкции во случај на натамошна руска воена агресија против Украина. Таа потврди дека сите опции се на маса и дека санкциите ќе се однесуваат на финансискиот и енергетскиот сектор, како и за извозот на високотехнолошки производи“, се вели во соопштението на Комисијата.

Брисел додаде дека продолжуваат да работат на обезбедување дополнителни испораки на природен гас во случај на прекин на снабдувањето од страна на Русија, и дека претседателката Фон дер Лајен му се заблагодарил на претседателот Бајден за неговата американска поддршка во овие напори.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!