Вие имате прво да ја знаете вистината

Србија донесе одлука за ограничување на цената на нафтените деривати со цел да спречи нов удар по џебот на граѓаните

Владата на Србија на вчерашната седница ја усвои Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати.

Така, максималната малопродажна цена на евро дизелот и евро премиум БМБ 95 ќе изнесува 179 динари и 171 динар за литар.

Членовите на Владата ја донесоа Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати со цел да се спречи повторното зголемување на цената и да се зачува животниот стандард на населението, со оглед на тоа што во претходниот период имаше пораст на цените на овие деривати повеќе пати, што директно влијаеше на зголемување на цените на сите останати стоки и услуги, се вели во соопштението по седницата на Владата на соседна Србија.

Оваа одлука на српската влада доаѓа откако Хрватска одлучи да ги замрзне цените на горивата на 30 години, со што спречи нов удар по џебот на граѓаните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!