Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција продолжува да доминира со продажбата на борбените авиони Dassault Rafale! Русија исклучена од бизнисот во последен момент, а уште една држава склучи голем договор со Праиз за набавка на овие моќни авиони!

По Хрватска и Емиратите, и Индонезија купува француски Rafale.

Индонезија ќе купи француски повеќенаменски борбени авиони „Dassault Rafale“, соопшти француското Министерство за одбрана.

Според индонезискиот министер за одбрана, Прабово Субианто, азиската земја ќе набави 42 рафали од последна генерација, а целиот договор, кој вклучува дополнително оружје, е вреден 8,1 милијарди долари.

Француската министерка за одбрана, Флоренс Парли, задоволно изјави дека овој договор ќе го зајакне стратешкото партнерство меѓу двете земји и додаде дека Индонезија ќе биде втората земја од индо-пацифичкиот регион што ќе го користи „Dassault Rafale“ а додека првата земја е Индија.

Покрај продажбата на авиони, Франција ќе и помогне на Индонезија да развие и подморници, нагласи Парли.

Што се однесува до деталите од договорот, Индонезија ќе ги добие првите шест „Dassault Rafale“ во наредните месеци, додека останатите 36 ќе бидат испорачани или кон крајот на оваа или почетокот следната година, пренесува Ројтерс.

Поради толку краткото време за испорака, медиумите се прашуваат дали се работи за нови или користени авиони. Сепак, овој договор е голема победа за француската воена индустрија, а особено за компанијата Daso, која доживеа вистински „бум“ во последните години.

По години „суша“, кога не успеаја да продадат ниту еден авион надвор од границите на Франција, Египет во 2015 година нарача 24 вакви авиони, а минатата година потпишаа договор за уште 30 дополнителни авиони.

Потоа 36 парчиња беа нарачани од Индија (оваа зделка предизвика големи контроверзии поради наводите за корупција кои сè уште не се целосно истражени) и Катар.

За Rafale лани се одлучија Грција (вкупно 24 парчиња, 12 користени и 12 нови), Хрватска (12 користени модели) и на крајот Обединетите Арапски Емирати кои нарачаа дури 80 парчиња.

Кога ќе се вклучи договорот склучен со Индонезија, Франција ќе испорача вкупно 284 авиони во седум земји, заедно со оружје, симулатори и друга воена опрема. Сите овие работи вкупно вредат повеќе од 55 милијарди долари.

Иако договорот со Емиратите е најпрофитабилен за Франција, тој со Индонезија е секако политички „посладок“, бидејќи Франција минатата година остана без огромен договор од околу 50 милијарди долари за изградба на 12 нови подморници за Австралија.

Со своите зделки со Индонезија, Франција сè уште е еден од главните добавувачи на воена опрема во индо-пацифичкиот регион.

Што се однесува до самата Индонезија, после неколку години конечно се одлучија за купување борбени авиони. Во таа приказна најмногу се „дружеше“ Русија, која речиси веќе имаше договор со Џакарта за купување на најмалку 11 борбени авиони Su-35S.

Медиумите уште во 2018 година објавија дека Индонезија ќе плати вкупно 1,14 милијарди долари за тие авиони, а исплатата наводно не била договорена само во пари, туку и во производи како кафе, палмино масло и чај.

Индонезија официјално се откажа од руските авиони во декември минатата година. Иако причината не е наведена, многу е веројатно дека купувањето на Su-35S е спречено поради стравот дека тој потег може да предизвика американски санкции.

Имено, уште порано низ медиумите се прошири приказната дека Американците нема да гледаат благонаклонето на бизнис кој ќе ги зајакне нивните глобални конкуренти, поради што испратија неколку сигнали до Индонезија да најдат друг добавувач.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!