Вие имате прво да ја знаете вистината

Француски инспектори: Експлозија за време на релито Дакар во Саудиска Арабија била предизвикана од експлозивна направа

Експлозијата под возилото за поддршка на релито во Дакар во Саудиска Арабија била предизвикана од импровизирана експлозивна направа, јави француската радио станица „RTL“, повикувајќи се на извори од полицијата и безбедносните служби.

Инцидентот се случил на 30 декември, а во експлозијата бил повреден францускиот возач Филип Бутрон. RTL на својата веб-страница наведува дека француските инспектори пронашле траги од експлозив на возилото.

Ројтерс објави дека француските истражители не одговориле на барањето за коментар. Француските обвинители за тероризам отворија прелиминарна истрага за инцидентот минатиот месец.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!