Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѕвездата на „Пријатели“ ќе објави мемоари: Време е луѓето да ја слушнат мојата приказна

Актерот Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер во хит серијата „Пријатели“, на својот Инстаграм профил откри дека наскоро ќе ги објави своите мемоари.

Тој на споменатата социјална мрежа ја сподели корицата на книгата која ја краси неговата фотографија и насловот „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“.

– Толку многу се пишуваше за мене во минатото. Мислев дека е време луѓето да ја слушнат мојата приказна. Подемите беа високи, падовите беа ниски. Но, доживеав да раскажувам приказна, иако понекогаш ми се чинеше дека нема. И сето тоа е тука, напиша Пери.

Неговите мемоари ќе бидат објавени на 1 ноември 2022 година.

Светската слава Пери ја стекна во серијата „Пријатели“, каде го отелотвори ликот на Чендлер Бинг. Познатиот ситком имаше 10 сезони, а се емитуваше во периодот од 1994 до 2004 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!