Вие имате прво да ја знаете вистината

Руни откри тажна приказна од почетокот на кариерата: Ќе се затворев во куќата и ќе пиев со денови

Легендарниот англиски фудбалер и актуелен менаџер на Дерби Каунти, Вејн Руни, ја отвори душата и зборуваше за проблемите со алкохолот на почетокот на својата кариера.

Како суперталентиран тинејџер, Руни дебитираше во најсилната лига на светот на 16 години во дресот на Евертон. Веќе на 17 години постигнуваше голови во репрезентацијата на Англија, а во интервју за британските медиуми тој откри дека не бил подготвен за тој чекор.

“Преминот од растење во работничка населба до статус на играч во Премиер лигата на 16 години беше нешто за што не бев подготвен. Никогаш не размислував за другата страна на фудбалот. Не бев подготвен за тој дел од мојот живот. Ми требаше долго време да се навикнам на тоа. Размислував дури како да се справам со тоа. Тоа беше како да ме фрлија некаде каде што не се чувствувам удобно“, изјави Руни во интервју за два весници Дејли Меил и Тајмс.

Руни изјави дека на почетокот на кариерата, слободните денови од фудбалот ги користел за да се затвори во куќата и својата среќа да ја најде во алкохолот.

„Во моите први години во Манчестер Јунајтед, па се до раѓањето на мојот син Каи, навистина се заклучував во куќата. Никогаш не излегував надвор. Имаше денови кога ќе се ослободам од фудбалот и ќе се затворев во куќата и пијам за да се обидам сите проблеми да ми излезат од умот. Луѓето можеби знаат дека го сакав алкохолот, но тоа беше многу повеќе од тоа. Тоа беше она што ми помина низ глава, „Руни си ја отвори душата.

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Премиер лигата проговори за притисокот и проблемите низ кои поминувал.

“Тоа беше претерување на се. Притисокот од играњето за репрезентацијата, Манчестер Јунајтед, притисокот на некои работи кои излегоа во весниците за мојот приватен живот. Се обидов да смислам како да се справам сам со тоа, затоа што пораснав во општинска населба каде што не можеш да разговараш со никого. Секогаш треба да најдеш начин да ги решаваш проблемите сам, наместо да бараш помош“, заклучи тренерот на Дерби.

Да потсетиме, проблемите надвор од теренот Руни често го чинеа во текот на неговата кариера, а поради излегувањата повеќепати му се закануваше и развод од бракот со сопругата Колин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!