Вие имате прво да ја знаете вистината

ШОК! ЛАЗАР РИСТОВСКИ СЕ РАЗВЕДУВА ПО 42 ГОДИНИ БРАК!

Нивната љубовна приказна започна уште во студентските денови

Актерската двојка Лазар и Даница Ристовски се разведуваат по 42 години брак.

Имајќи предвид дека важеа за еден од најхармоничните и најдолговечните парови на јавната сцена во Србија, тешко е да се погоди што би можело да биде причината за разделбата на двајца реномирани актери, пишува „Глорија“.

– Не раскинавме поради друга жена или друг маж – рекол Лазар во ексклузивната исповед за споменатиот магазин.

Нивната љубовна приказна започна уште во студентските денови. На првата средба меѓу Даница и Лазар се родија емоции, а актерката често истакнуваше дека веднаш се заљубила во шармот и физичкиот изглед на Лазар.

Се венчаа во 1980 година, а во бракот добија два сина – Петар кој е филмски продуцент и режисер и Јован кој е дипломиран економист. Постариот син е во брак со актерката Теодора Ристовски, додека помалиот Јован со сопругата Љиљана минатиот септември го добија наследникот Богдан.

Очигледно, ниту богат и исполнет семеен живот, ниту успешна кариера, ниту четириесет и неколку години под ист покрив не беа доволни за да ги одвратат Даница и Лазар да се решат да потпишат документи за развод.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!