Вие имате прво да ја знаете вистината

Папата Франциско изјави дека заканата од можна војна во истокот на Европа предизвикува „вистинска болка во неговото срце“ и повика на разумен дијалог

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, изјави дека заканата од војна во Украина предизвикала „голема болка во неговото срце“ и ги повика политичарите сериозно да ја преиспитаат својата совест пред Бога.

Говорејќи на крајот од општата аудиенција, папата Франциско ги повика лидерите да се воздржат од какви било потези кои би предизвикале дополнително страдање на народот и го прогласи денот среда, 2 март, за – Меѓународен ден на постот и молитвата за мир.

„Да продолжиме да го молиме Бога тензиите и заканите од војна да се надминат со сериозен дијалог и дека разговорите во нормандискиот формат можат да придонесат кон таа цел“, посочи папата во неговата изјава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!