Вие имате прво да ја знаете вистината

Тоти им порача на медиумите: Бидете внимателни, во приказната се вклучени и децата

Една од главните вести деновиве во Италија е дека легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти и неговата сопруга Илари Блази се разведуваат.

Наводно, односите меѓу двајцата веќе извесно време се заладени, додека ситуацијата ескалирала на почетокот на февруари, кога за време на семејно излегување избила жестока кавга, пишуваат италијанските медиуми.

Илари пред неколку дена направи потег кој ја шокираше италијанската јавност, кога во програмата во живо страсно ја бакна водителката Мишел Хунцикер, а во меѓувреме се појавија приказни дека Тоти веќе има нова девојка.

Легендата на Рома сега објави видео во кое вели „дека му е доста да пишува лаги и да ги негира“, а од медиумите бара „да бидат внимателни бидејќи и неговите деца се вклучени во приказната“.

Од друга страна, Блази објави фотографии од вечера од нивниот омилен ресторан во Рим, а со нив беа и нивните деца.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!