Вие имате прво да ја знаете вистината

Канје Вест повторно ги шокираше фановите по јавната кавга со Ким

Раперот и дизајнер Канје Вест и риалити ѕвездата Ким Кардашијан спогодбено се разделија, но откако таа е во врска со Пит Дејвидсон, нивното пријателство значително се разниша.


Канје неодамна е во врска со актерката Џулија Фокс, во тој период тој купи куќа спроти Ким, имаше јавна дискусија со неговата поранешна сопруга на социјалните мрежи и тврдеше дека таа ја киднапирала нивната ќерка, Шикаго кога таа организирала роденденска забава, на која тој не бил поканет. Исто така изрази незадоволство бидејќи Ким и дозволи на нивната најстара ќерка Норт да ја користи социјалната мрежа Тик Ток…

После сите испади и, низа работи кои за кои и се лути на Ким, Вест повторно изненади – молејќи ја за помирување.


Имено, Кање на Инстаграм објави колаж од семејни фотографии на кои е Ким со нивните деца и напишаа:

– Боже, те молам обедини го нашето семејство!

За кратко време неговата објава собра речиси два милиони лајкови, а многумина го поддржаа велејќи дека желбата ќе му се исполни доколку доволно верува и дека правдата е на негова страна. Сепак, има многумина кои му рекоа дека е време да се откаже. „Јавно ја критикувавте како мајка, тврдевте дека киднапирала дете и мислите дека ќе ја вратите?“, „Овој човек не знае што зборува“ се дел од коментарите на интернет.

Канје и неговата се уште официјална сопруга Ким Кардашијан Вест објавија дека се разведуваат на почетокот на минатата година, а Ким неодамна поднесе барање да биде слободна жена во очите на законот. Двојката има четири деца заедно: Норт, Сент, Шикаго и Псалм .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!