Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин откри дека работел како таксист за да успее да преживее по распадот на СССР

Рускиот претседател, Владимир Путин откри дека по распадот на СССР, тој возел такси за да сврзе крај со крај и да успее да заработи пари за да преживее. 

Неговите зборови и сведочења, кои во неделата ги пренесе руската државна новинарска агенција кажуваат дека Путин за прв пат открил дека повремено работел како таксист за да си ги зголеми приходите. 

Понекогаш ми беа потребни и морав да заработам дополнителни пари. Мислам, заработував дополнителни пари со автомобил, како приватен возач. Непријатно е да се зборува за тоа, да бидам искрен, но, за жал, тоа беше случај во мојот живот – изјави Путин.

Путин е поранешен агент на советските безбедносни служби на КГБ и не крие дека жали за распадот на СССР, велејќи дека овој распад останува голема трагедија за повеќето граѓани. Крајот на СССР донесе со себе период на интензивна економска нестабилност што турна многумина во сиромаштија додека новонезависната Русија се префрли од комунизам во капитализам.

На крајот на краиштата, што е распадот на Советскиот Сојуз ? Тоа е колапс на историска Русија под името Советски Сојуз – изјави Путин, кој распадот на СССР го нарече најголемата геополитичка катастрофа на 20 век.

Овие негови ставови и случувања од минатото сигурно имаа голема улога во неговата одлука за инвазија врз Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!