Вие имате прво да ја знаете вистината

“Дрога за силување”: Забележала дека мажот и ставил нешто во пијалокот, па ги заменила чашите: “Потоа го најдов на улица како лежи во несвест”!?

За жал, и во светот и кај нас, употребата на „дроги за силување“ е широко распространета, а на социјалните мрежи вирално стана признанието на девојка која можела да биде жртва на оваа дрога.

Младата Британка, Лили Паулс, забележала маж кој се обидувал цело време да се доближи до нејзината чашата со пијалок, а кога успеал, ставил нешто во чашата.

Забележувајќи дека мажот се однесува чудно, Лили внимателно го набљудувала и успеала да го фати на дело, но не реагирала веднаш. Додека тој не гледаше, таа ги заменила чашите за да се спаси и да види што ќе се случи со него, пишува Klix.ba

Подоцна го пронашла како лежи на улица надвор од клубот, пренесува Дејли Мејл.

„Синоќа двапати се обиде да ми ја земе пијачката, а подоцна стави нешто во пијалокот. Ги заменив чашите кога отиде во тоалетот, и подоцна го најдов како лежи пред клубот. Ти благодарам, кој и да си, подобри ти да лежиш туку јас да бидам таа“, напиша Лили на Твитер и предизвика бројни реакции.

Некои не и веруваа и ја обвинија дека сето тоа измислува, а други застанаа во нејзина одбрана.

„Многу мажи не веруваат во оваа приказна затоа што не им се случува. Би сакала да искусат само еден состанок како жена“, „Верувај ми, тоа им се случува на жените многу почесто од мажите, „Многу пати може да ми се случи, претпазливост не е никогаш доволна“, се само дел од реакциите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!