Вие имате прво да ја знаете вистината

“Ме фрлија како ѓубре во контејнер”: Тие ме издадоа, а јас им дадов сe! Големата ѕвезда на Лејкерси си ја отвори душата и кажа се во јавноста

Џери Вест целата своја кариера ја помина во Лос Анџелес Лејкерс, каде играше од 1960 до 1976 година.

Подоцна три години беше во улога на тренер, па беше генерален директор на тимот со кој освои дури шест титули, а беше и шампион со Голден Стејт Вориорс.

Моментално е вработен во Лос Анџелес Клиперс и во интервју за „Атлетик“ додал дека неговиот однос со клубот е ужасен.

Џери Вест испиша многу страници за успех во Лејкерс, и е човек кој беше присутен во епохата на три светли династии на Лејкерс: онаа кога го делеше теренот со Вилт Чембрлен, а подоцна како функционер со Коби и Шекил.

Тој помина речиси пет децении во тимот како играч, тренер и функционер, па со право беше прогласен за жива легенда на Лос Анџелес Лејкерс, а многумина се уште го раскажуваат неговиот кош од цел терен за продолженијата против Њујорк Никс.

Разочарувачки е што мојот однос со Лејкерси е ужасен. Сè уште не ми е јасно зошто. Кога ќе погледнам што се случи си велам дека можеби е подобро да сум играл за друг тим, каде тие повеќе би ме ценеле, а јас им го дадов, се што имав. Сепак, можам да кажам дека играв за моите соиграчи и за навивачите, а не за клубот, изјави Џери Вест за Атлетик.

Џери Вест вели дека е уште полошо во целата приказна што Лејкерси не мислат така.

Ме издадоа, така се чувствувам. Кога ги прашуваме за оваа ситуација, тие негираат се. Не барам извинување од нивна страна, туку само се прашувам како е можно сепак да се однесуваат така, вели Вест.

Џери Лого Вест во кариерата има 25.192 поени, 6.238 асистенции и 5.366 скока, а барем толку во кариерата имаат постигнато само Оскар Робертсон, Џон Хавличек, Коби Брајант и Леброн Џејмс.

Капката која ја прелеа чашата, за Џери Вест, беше моментот кога Лејкерси му го укинаа доживотниот билет што му го гарантираше покојниот Џери Бас.

“Тоа беше краток, ладнокрвен повик до мојата сопруга. Никој немаше храброст да ми се јави, тие се толку мизерни. Разбирате? Јас навистина ги сакам Лејкерси. Сакам кога им оди добро, тоа е добро за кошарката, горд сум на се што сум направив за нив и за се што правеа кога не бев таму. Понекогаш се чувствувам како да сум фрлено ѓубре во контејнер, рече Џери Вест.

Запрашан од Атлетик дали има шанса сето тоа да се поправи, Вест само одмавна со главата:

Не, доцна е за тоа. Не ми треба тоа сега во животот. Тоа е само показател за тоа како некои луѓето можат да се променат во секунда и јас тоа не можам да го разберам, но во ред е, вели живата легенда на Лос Анџелес Лејкерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!