Кремљ во петокот соопшти дека изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден за неговиот руски колега Владимир Путин е „лична навреда“ која очигледно била инспирирана од раздразливост, замор и заборавеност.
Бајден изјави дека Путин е „воен злосторник“ и „крвожеден диктатор“, откако рускиот претседател ја нападна Украина на 24. февруари, нарекувајќи ја војната како „специјална операција операција“ која има за цел е демилитаризација на земјата и нејзино чистење од опасните националисти.
„Слушаме и гледаме изјави кои всушност се лични навреди за претседателот Владимир Путин“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Со оглед на таквата раздразливост на Бајден, неговиот замор и понекогаш заборавеност, замор што води до агресивни изјави, нема да даваме остри оценки за да не предизвикаме уште поголема агресија“, нагласи гласноговорникот на Кремљ.