Вие имате прво да ја знаете вистината

Едно лице загина во напад од самуништувачки дрон врз зграда во Киев

Најмалку едно лице загина во напад со дрон врз зграда во Киев, главниот град на Украина, јави Франс прес од местото на настанот.

Неколку „самоуништувачки“ дронови ја погодија зградата на Државната академија на науките во северозападниот дел на градот.

Спасувачите извлекле најмалку еден труп во воена униформа од таа седумкатница од која сè уште се крева чад, пренесува агенцијата.

Војниците кои биле таму изјавиле дека биле нападнати од руската армија со беспилотни летала „самоубијци“, од кои едниот бил соборен. Остатоците од дронот во облик на крило, широк еден метар, пресечени на половина, можеа да се видат на земја недалеку од местото на инцидентот.

Разузнавач, одговарајќи на новинарско прашање на местото на нападот, рече дека воздушниот напад бил извршен со помош на беспилотни летала „Орлан“ и дека загинале три лица – што не можело да се потврди – и избувнал пожар.

„Два дрона беа соборени“, рече претставникот, кој сакаше да остане анонимен.

Во Киев, поради заканата од напади на руските сили закопани во северозападните и источните предградија, во понеделник навечер е воведен целодневен полициски час кој ќе трае до среда наутро.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!