Вие имате прво да ја знаете вистината

Почина големиот шампион, осум пати беше првак на поранешна Југославија

Легендарниот пингпонгар Миливој Каракашевиќ почина на 74-годишна возраст.

Каракашевиќ е роден во 1948 година во Земун, каде на 14 години почнал да се дружи со пинг поног топчето.

Играше во клубовите Земун и Младост и седумнаесет години беше југословенски репрезентативец, во периодот кога беа постигнати најголемите меѓународни успеси.

На светските и европските првенства освои девет медали. Тој е повеќекратен освојувач на медали на Медитеранските и Балканските игри, како и победник на бројни меѓународни турнири ширум светот.

На домашната сцена беше осумкратен државен првак во сингл и во двојки.

На крајот од играчката кариера стана селектор, а во следните години југословенската репрезентација под негово водство освои седум медали на најголемите натпреварувања.

Добитник е на наградата за животно дело и придонес во развојот на спортот, на Сојузот на спортови на Белград.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!