Вие имате прво да ја знаете вистината

Зеленски разговараше со руските новинари: Добија одговори на сите прашања

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, разговараше со руски новинари кои работат на неколку различни портали и телевизии.

– Русија треба да ја знае вистината. Одговори на сите прашања добија руските новинари од каналот Јутјуб „Зигар“, ТВ каналот „Дожд“, порталите „Медуза“ и „ТВ Комерсант“ и „Новаја газета“. Јасно и отворено – напиша Зеленски на својот Фејсбук профил.

Според Ројтерс, рускиот регулатор Роскомнадзор го забрани објавувањето на ова интервју. Тие наведуваат и дека е покрената истрага против медиумите кои разговарале со украинскиот претседател. Во кусото соопштение не е наведена причината за забраната.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!