Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо.
– Се разговараше за соработката на полето на одбраната и притисокот преку санкции врз Русија. Информиран е за злосторствата на Русија и текот на преговарачкиот процес – напиша Зеленски на Твитер.
Тој додаде дека е благодарен за подготвеноста да се разгледа дополнителна макрофинансиска помош за Украина.