Вие имате прво да ја знаете вистината

Алкараз е најмладиот шампион во историјата на Мастерсот во Мајами

Осумнаесетгодишниот Карлос Алкараз стана шампион на Мастерсот во Мајами. Во финалето тој синоќа го победи Каспер Руд со 2-0, по сетови 7:5 и 6:4.

Алкараз, кој на 5 мај ќе наполни 19 години, е трет на листата на најмлади победници на Мастерс турнирите. Пред него се само Мајкл Чанг (Торонто 1990) и Рафаел Надал (Монте Карло 2005).

Шпанецот стана и најмладиот шампион на турнирот во Мајами, соборувајќи го рекордот поставен во 2007 година од тогаш 19-годишниот Новак Ѓоковиќ.

Вкупно, Шпанецот ја освои втората титула сезонава и трета во кариерата, по која денес се искачи на 11-та позиција, на најновата АТП ранг-листа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!