Вие имате прво да ја знаете вистината

Барселона надиграна во Франкфурт, но успеа да остане непоразена

Барселона беше целосно надиграна на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, но успеа да остане непоразена.

Ајнтрахт вечерва беше подобар тим и сосема заслужено поведе во 48. минута со одличниот гол на Ансгар Кнауф.

Предноста на домаќините можеше да биде и поголема, сепак гостите во еден од ретките прилики погодија во рамките на голот. Стрелец беше Феран Торес по убава акција и асистенција на Френки Де Јонг во 66. минута.

Вториот жолт односно црвен картон за Тут во 78. минута ги спречи да дојдат до нов гол.

И покрај играч помалку на теренот, тие пропуштија добра шанса за победа во 82. минута преку Обите Еван Ендик (Н’Дик).

Вест Хем и Лион одиграа 1:1, додека Брага минимално со 1:0 го совлада Ренџерс.

Реваншот е закажан за 14 април.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!