Вие имате прво да ја знаете вистината

ЕУ ПРЕДУПРЕДУВА: Урсула бара да се интензивира вакцинацијата, особено за децата, бидејќи никогаш не се знае кога повторно ќе мутира вирусот Ковид-19!

Помеѓу 60 и 80 отсто од населението на Европската унија досега било заразено со вирусот Ковид-19, според проценката на Европската комисија објавена од комесарката за здравство Стела Киријакидес во средата.

Се проценува дека меѓу 60 и 80 отсто од населението на ЕУ досега имало Ковид-19“, нагласи Киријакидес на прес-конференција.

Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, случаи на вирусот Ковид-19 досега се пријавени кај околу 30 отсто од населението, но ако се додадат непријавени случаи, бројката се искачува на околу 350 милиони, или околу 77 отсто од популацијата на ЕУ.

Откако пандемијата со Ковид-19 стивна, Комисијата во средата ги повика земјите-членки да го поттикнат вакцинирањето на досега невакцинираните лица, особено на децата пред почетокот на новата учебна година.

Влегуваме во нова фаза на пандемијата, преминувајќи од вонредна состојба кон поодржливо управување со Ковид-19. Сепак, мора да останеме будни. Бројот на заразени останува висок во ЕУ, а многу луѓе продолжуваат да умираат од Ковид-19 ширум светот“, изјави Урсула фон дер Лајен.

Покрај тоа, може да се појават нови варијанти и да се шират брзо. Затоа, треба дополнително да ја засилиме вакцинацијата и да поттикнеме насочено тестирање и треба да продолжиме тесно да ги координираме нашите одговори во ЕУ“, нагласи претседателката на Европската комисија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!