Вие имате прво да ја знаете вистината

ВМРО-ДПМНЕ: „НЕ ПОСТОИ ДРУГ ЧЕКОР ПО ПРИМИТИВИЗМОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ОСВЕН НЕГОВА ОСТАВКА!“

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од претседателот на Собранието Талат Џафери откако вчера во јавноста беше лиферувана аудиснимка на која, како што потенцираат од опозициската партија, се слуша неговиот глас и како тој се обраќа кон собраниски службеници.

Портпаролот на партијата Наум Стоилковски на прес-конференцијата повика на оставка на Џафери наведувајќи дека тој веќе е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом.

  • Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом, истакна Стоилковски.

Според него, станува збор за потврдена снимка од Талат Џафери.

  • Во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието? Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквото примитивно однесување, прашува Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека кога СДСМ и ДУИ немаат аргументи, претседателот на Собранието Џафери станува нервозен и на површина испливува суштината односно сликата за севкупното практикување на власта на, како што рече, крими- коалицијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!