Вие имате прво да ја знаете вистината

КАКОВ „ШАМАР“ ЗА КОСОВО, ФРАНЦИЈА НА СТРАНАТА НА СРБИЈА: Не поддржуваат влез на Приштина во Советот на Европа!

Тој нагласи дека приоритет е дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Амбасадорот на Франција во Србија, Пјер Кошар, истакна дека итно треба да се даде нова динамика на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

  • Ги поддржуваме напорите на Мирослав Лајчак, ја поддржуваме поканата на Германија до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и до премиерот на Косово, Албин Курти. Кандидатурата за Советот на Европа е еднострана одлука и ние не ги поддржуваме тие одлуки и сметаме дека дијалогот е приоритет. Приоритетни теми се: Заедницата на српските општини, енергетски прашања и прашања на исчезнати лица. Тоа ни е приоритет – рече Кошар гостувајќи во ТВ Нова С.

Тој нагласи дека владата во Приштина нема поддршка од Франција за поднесување на својата кандидатура до Советот на Европа, бидејќи едностраните потези може да доведат до зголемување на тензиите. 

  • Ги разбираме аспирациите на Косово да се приклучи кон европските институции и го поздравуваме фактот што тие се усогласија со европските позиции во однос на Украина. Сепак, едностраните потези не ги олеснуваат работите и можат да доведат до зголемени тензии, приоритет е дијалогот каков што денес се води од ЕУ, главно со посредство и поддршка на унијата – рече тој.
Францускиот амбасадор во Србија, Пјер Башар
Францускиот амбасадор во Србија, Пјер Кошар

Запрашан дали Франција ќе гласа за влез на Косово во Советот на Европа, амбасадорот рече дека прашањето засега не е поставено бидејќи процесот на прием трае долго, бара мислење од Парламентарното собрание, а потоа повторно треба да се разгледа кандидатурата.

  • Приоритет на Франција е да направи се, заедно со нашите европски партнери, особено со Германија, да продолжи дијалогот на цврсти основи и тоа е она што е итно. Така што сметаме дека едностраните потези не се корисни и можат да го задушат и онака комплицираниот процес и кој не напредува многу во последните месеци – јасен е Кошар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!