Вие имате прво да ја знаете вистината

Што се крие зад одлуката на милијардерот: Илон Маск го стави во мирување преземањето на Твитер! Бизнисот вреден 44 милијарди долари заглави околу ботовите?!

Милијардерот Илон Маск привремено го стопираше процесот на купување на компанијата Твитер, што ги подгреа сомнежите дали ќе продолжи со оваа аквизиција вредна 44 милијарди долари, јавува денеска АП.

Маск на Твитер објави дека сака да го одреди бројот на несакани и лажни сметки на оваа социјална платформа, а претходно јасно зборуваше за желбата да се расчисти проблемот на Твитер со „спам ботови“ кои имитираат вистински луѓе.

Ова доведе некои аналитичари да шпекулираат дека Маск би можел да го покрене ова прашање како причина да се откаже од купувањето.

„Договорот со Твитер е привремено во мирување поради деталите кои покажуваат дека бројот на спам/лажни сметки е помал од пет проценти од корисниците“, напиша Маск во петокот наутро на Твитер, истакнувајќи дека е скептичен дека бројот на неавтентични сметки е толку мал.

Во петокот, Маск последователно твитна дека „сè уште е посветен на стекнувањето“, но ниту Твитер ниту тој не одговориле на барањата на АП за коментар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!