Вие имате прво да ја знаете вистината

БАЛКАНОТ СЕ ТРЕСЕ – Три земјотреси го вознемирија Балканскиот полуостров: Граѓаните во страв, еве каде бил најсилниот потрес!

Нови земјотреси повторно ги потресоа жителите на Балканскиот полуостров. Два земјотреси се случија претходниот ден и еден денес рано утринава. 

Првиот е регистриран во Србија, повторно во областа Чачак, а потоа нов земјотрес утрово во областа на Албанија, две соседни земји на Македонија.

Бројни граѓани на Србија околу 02:36 часот по полноќ ги разбудил земјотрес, чиј епицентар бил на територијата на градот Чачак, со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала.

Ова е четврти земјотрес од 10. мај, имам над 70 години и не се сеќавам дека некогаш имало толку земјотреси за толку кратко време. Се плашиме навистина да нема посилен земјотрес, бидејќи тлото не се смирува“, изјави Мирослав Стевановиќ од Чачак.

Теоретскиот интензитет на земјотресот од вечерва во епицентарот е проценет на III-IV степени од Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат оштетувања на објектите во епицентралното подрачје.

Најсилниот земјотрес во Србија во изминатите денови се случи во четвртокот околу 20 часот – беше со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала и беше почувствуван и во центарот на Чачак и во сите предградија. Потоа утрово во 07.34 се затресе тлото во Албанија.

Според ЕМСЦ, магнитудата била 3,3 степени, а епицентарот бил во близина на Патос Фшата. Многу граѓани велат дека бил исклучително силен, но траел кратко.

Мислев дека е експлозија“, вели жител на Балша, за тамошните медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!